Оглас за вработување

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права објавува Оглас за вработување на 2 (две) лица

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права врз основа на член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/2016), a во врска со член 22 став (1) алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16) и Правилник за внатрешна организација на Министерство за правда-Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права бр. 20-154/2015-1 од 11.06.2015 година, 20-168 од 27.12.2016 и 20-53/2 од 30.01.2017,Правилникот за систематизација на работните места во Министерство за правда-Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права бр. 20-154/2015-2 од 11.06.2015 година, 20-168/39 од 27.12.2016 и 20-53/1 од 30.01.2017, објавува

ОГЛАС БРОЈ  1 /2018

ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 2 (ДВАЈЦА) ИЗВРШИТЕЛИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ТРАЕЊЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2018 ГОДИНА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА – БИРО ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права објавува оглас за вработување 2 (две) лица преку засновање на работен однос на определено време во траење до 31 декември 2018 година за следниве работни места:

  1. Еден извршител,
  • во Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права,во Одделението за извршување на поединечни и општи мерки по одлука на Европскиот суд за човекови права, на работно место Помлад соработник за предлагање на поединечни мерки за извршување по одлука на Европскиот суд за човекови права, со звање помлад соработник.  Потребни квалификации:                       Образование:Правни науки, најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен.Работно искуство:со или без работно искуство

    Познавање на странски јазици: Англиски јазик

    Дневно работно време: 8 часа (почеток на работно време помеѓу 07:30 и 08:30 часот, а завршеток на работно времепомеѓу 15:30-16:30), неделно работно време 40 часа;

    Паричен нето износ: 21 000 денари.

     

    2. Еден извршител,

  • во Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права,во Одделението за застапување на предмети против Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, на работно место Помлад соработник за подготвување на иницијални предлози за одбрана на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, со звање помлад соработник.Потребни квалификации:Образование:Правни науки, најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен.

    Работно искуство: со или без работно искуство

    Познавање на странски јазици:Англиски јазик

    Дневно работно време:Дневно работно време: 8 часа (почеток на работно време помеѓу 07:30 и 08:30 часот, а завршеток на работно времепомеѓу 15:30-16:30), неделно работно време 40 часа;

    Паричен нето износ: 21 000 денари.

     

    Заинтересираните кандидати треба да достават:

    • Своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
    • Кратка биографија – CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
    • Фотокопија од уверение/диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место
    • Доказ за познавање на англиски јазик и
    • Копија од уверение за државјанство.

     

    Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса:

    Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права

    ул. „Димитрие Чуповски” бр. 9, 1000 Скопје

    (со назнака „за оглас за вработување”)

     

    Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права (канцеларија бр. 9 на II спрат).

    Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и во утврдениот poки пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и истите нема да се разгледуваат.

    Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до  26.02.2018 година (понеделник).

    По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.

    Министерството за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.

     

    Лице за контакт:

    Ирена Цуцулоска

    Телефон:  02/3116-493 лок. 148

    e-mail: irenacuculoska@mjustice.gov.mk

     

    В.Д Директор на Бирото за застапување нa РМ пред ЕСЧП – Владин Агент

    Даница Џонова

 

ЛОКАЦИЈА

АДРЕСА

Ул. Димитрие Чуповски бр.9
1000 Скопје
Република Македонија

избери јазик

КОНТАКТ ИНФО

тел: +389 02 3109 784
емаил: biroescp@mjustice.gov.mk
веб: www.biroescp.gov.mk