Финални разолуции

Комитетот на министри надзорот над извршувањето на  секој поединечен случај го завршува со донесување на финална резолуција.

Прашањето за затворање на предметот се разгледува низ призмата на акциониот извештај и евентуално поднесените коментри. Кога државите членки и Секретаријатот ќе се согласат дека мерките кои биле предвидени и преземени од страна на државата се доволни, Секретаријатот ќе му предложи на Комитетот на министри, усвојување на финална резолуција. Процесот на надзор над извршувањето се смета за завршен, а пресудата за извршена со усвојување на финална резолуција од страна на Комитетот на министри.

Финалните, како и времените резолуции и останати одлуки кои Комитетот на министри може да ги донесе во врска со надзорот над извршувањето на конкретен предмет јавно се објавуваат од страна на Комитетот на министри и истите се достапни на следнитот линк: http://www.coe.int/en/web/execution/closed-cases

ЛОКАЦИЈА

АДРЕСА

Ул. Димитрие Чуповски бр.9
1000 Скопје
Република Македонија

избери јазик

КОНТАКТ ИНФО

тел: +389 02 3109 784
емаил: biroescp@mjustice.gov.mk
веб: www.biroescp.gov.mk