Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), на 16 јануари 2020 година, донесе пресуда во случајот Олури против РСМ, А.бр. 3368/18 со која беше констатирана повреда на членот 8 од Конвенцијата (право на почитување на семејниот живот) поради долготрајното неизвршување на конечното и правосилно решение на Центарот за социјална работа, со кое старателството на малолетното дете било доверено на мајката (апликантката) и повреда на членот 13 од Конвенцијата (право на ефикасен домашен правен лек) во врска со членот 8, поради отсуството на ефикасен правен лек во врска со жалбените наводи на апликантката.