Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, на 7 Јули 2016 година организираше советување на тема  „Забрана за мачење – Член 3 од ЕКЧП/Недостаток на ефикасна истрага“ .

Советувањето беше наменето за јавни обвинители и стручни соработници од апелационите подрачја Скопје, Штип и Гостивар, за претставници од Министерството за внатрешни работи и за претставници од Министерството за правда.

На советувањето свое излагање имаше и м-р Даница Џонова од Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.