Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Министерството за правда во рамките на твиниг проектот на Латвија „Зајакнување на владеењето на правото“на 5 и 6 октомври 2016 година организираше обука за подобра подготовка на предмет пред ЕСЧП и допуштеност на жалбата.

Во врска со најчестите грешки при обработката на жалбата и примената на судската пракса на ЕСЧП со цел да се подобри подготвувањето на жалбата пред ЕСЧП, на денешниот настан земаа учество Костадин Богданов, директор на Бирото за застапување на Македонија пред ЕСЧП и Велимир Деловски од Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права.

Повеќе на следниот линк: http://www.akademik.mk/kluchnite-raboti-i-najchestite-greshki-na-koi-treba-da-se-vnimava-pri-obrabotkata-na-zhalbata-pred-eschp/