ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Поднесување на полноважна жалба до Европскиот суд за човекови права

Доколку одлучите да поднесете жалба до Судот, внимавајте на тоа Вашата жалба да ги исполнува условите пропишани со Правилото 47 од Деловникот на Судот во коe се наведени информациите и документите што мора да бидат доставени.

Ако не ги доставите сите информации и документи наведени во Правилото 47 став 1 и 2, Вашите жалбени наводи нема бидат разгледани од страна на Судот. Сите полиња на образецот за поднесување жалба мора да бидaт пополнети.

Правило 47 PDF file

Поведување постапка (Верзија на англиски јазик)  PDF file

Секоја полноважна жалба ќе биде разгледана од страна на Судот; ова не значи дека жалбата ќе биде прогласена за допуштена.

Практичен водич за критериумите за допуштеност  PDF file

Видео за критериумите на допуштеност

http://www.youtube.com/watch?v=ZOKf6-jGWqY&feature=youtu.be

Oбразецот за поднесување жалба треба да го преземете од интернет страницата на Судот, да го пополните, да го испечатите и да го испратите до Судот по пошта заедно со сите неопходни документи. Не треба да користите други обрасци за поднесување жалба. Прочитајте ги документите што се наведени подолу за повеќе информации за тоа како правилно да го пополните образецот за поднесување жалба. За повеќе информации за тоа како правилно да го пополните образецот за поднесување жалба, Ве молиме прочитајте ги документите што се наведени во продолжение.

Образец за поднесување жалба PDF file

Образец за полномошно PDF file

Видео “Како да поднесете полноважна жалба до Судот” 

http://www.youtube.com/watch?v=mA_iGhvxYFM&feature=youtu.be

Еврпски суд за човекови права ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ PDF file

ЛОКАЦИЈА

АДРЕСА

Ул. Димитрие Чуповски бр.9
1000 Скопје
Република Македонија

избери јазик

КОНТАКТ ИНФО

тел: +389 02 3109 784
емаил: biroescp@mjustice.gov.mk
веб: www.biroescp.gov.mk