Корисни линкови

escp-logoОфицијалната страна на Европскиот суд за човекови права, може да ја пронајдете на следниот линк http://www.echr.coe.int/.

 

 

 


hudocДатабазата HUDOC обезбедува пристап до судската пракса на Европскиот суд за човекови права (Пресуди на Големиот Совет, Советите, Одлуки на комисиите, комуницирани предмети, мислења, правно резиме на предметите), Одлуки и Извештаи на Европската Комисија за Човекови Права и Резолуции на комитетот на министри. HUDOC датабазата е достапна на официјалната страна на Европскиот суд за човекови права и на следниот линк  http://hudoc.echr.coe.int/.

 


ehdПочнувајќи од 2013 година, Бирото беше вклучено во регионалниот проект на невладината организација AIRE Центар од Лондон кој е фокусиран на креирање на регионална датабаза на праксата на ЕСЧП (http://www.ehrdatabase.org/Index). Датабазата беше официјално промовирана во јули 2013 година и истата содржи повеќе од 1000 предмети од праксата на ЕСЧП, вклучувајќи ги сите пресуди и најзначајните одлуки донесени во предмети против државите од регионот на Западниот Балкан, како и пресуди против други држави преведени на јазиците од регионот. Оваа датабаза овозможува едноставно пребарување на релевантната судска пракса, со опции за општо и напредно пребарување, истата периодично се ажурира и беше презентирана во рамките на неколку советувања реализирани во соработка со АСЈО.http://www.ehrdatabase.org/.

ЛОКАЦИЈА

АДРЕСА

Ул. Димитрие Чуповски бр.9
1000 Скопје
Република Македонија

избери јазик

КОНТАКТ ИНФО

тел: +389 02 3109 784
емаил: biroescp@mjustice.gov.mk
веб: www.biroescp.gov.mk