Оглас за вработување 2/2019

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права објавува Оглас за вработување на едно лице

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права врз основа на член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/2016 и 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/2019), a во врска со член 22 став (1) алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/2018 и 198/2018) и Правилникот за внатрешна организација на Министерство за правда – Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права бр. 0203-142/4 од 26.06.2019, Правилникот за систематизација на работните места во Министерство за правда – Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права бр. 0203-142/5 од 26.06.2019, објавува

ОГЛАС БРОЈ    2/2019

ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 1 (ЕДЕН) ИЗВРШИТЕЛ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ТРАЕЊЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА – БИРО ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права објавува оглас за вработување на 1 (едно) лице преку засновање на работен однос на определено време во траење до 31 декември 2019 година за следното работно место:

  • Еден извршител, во Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, во Секторот за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права – Одделение за застапување во предмети пред Европскиот суд за човекови права, на работно место Помлад соработник за работа на предмети против Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, со звање помлад соработник.

Потребни квалификации:

Образование: Правни науки, ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен.

Работно искуство: со или без работно искуство

Познавање на странски јазици: Англиски јазик

Дневно работно време: 8 часа (почеток на работно време помеѓу 07:30 и 08:30 часот, а завршеток на работно време помеѓу 15:30-16:30), неделно работно време 40 часа;

Паричен нето износ: 21 000 денари.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  1. Своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
  2. Кратка биографија – CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
  3. Фотокопија од уверение/диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место
  4. Доказ за познавање на англиски јазик и
  5. Копија од уверение за државјанство.

Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса:

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права

ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000 Скопје

(со назнака „за оглас за вработување“)

Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Министерство за правда – Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права (канцеларија бр. 9 на II спрат).

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 25.07.2019 (четврток). Пријавите кои што ќе пристигнат по истекот на овој рок, како и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и истите нема да се разгледуваат.

По селекцијата на пријавите, само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на Министерство за правда – Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права.

Министерството за правда – Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Лице за контакт:

Ирена Цуцулоска Јакимовска

Телефон:  02/3116-493 лок. 216

e-mail: irenacuculoska@mjustice.gov.mk

В.Д Директор на Бирото за застапување нa РСМ пред ЕСЧП – Владин Агент

Даница Џонова

ЛОКАЦИЈА

АДРЕСА

Ул. Димитрие Чуповски бр.9
1000 Скопје
Република Северна Македонија

избери јазик

КОНТАКТ ИНФО

тел: +389 02 3109 784
емаил: biroescp@mjustice.gov.mk
веб: www.biroescp.gov.mk