Поднесување на полноважна жалба до Европскиот суд за човекови права

Доколку одлучите да поднесете жалба до Судот, внимавајте на тоа Вашата жалба да ги исполнува условите пропишани со Правилото 47 од Деловникот на Судот во коe се наведени информациите и документите што мора да бидат доставени.

Ако не ги доставите сите информации и документи наведени во Правилото 47 став 1 и 2, Вашите жалбени наводи нема бидат разгледани од страна на Судот.

Секоја полноважна жалба ќе биде разгледана од страна на Судот; ова не значи дека жалбата ќе биде прогласена за допуштена.

Со Протоколот број 15 кон Конвенцијата се скратува од шест на четири месеци рокот во кој мора да се поднесе жалба до Судот по конечната домашна одлука, донесена во рамките на процесот за искористување на домашните правни лекови. Ова ново правило за рокот од четири месеци стапува во сила на 1-ви февруари 2022 година. Сепак, правилото се применува само на жалбите во кои оспорената конечна домашна одлука била донесена на 1-ви февруари 2022 или по тој датум. Оваа промена на рокот беше усвоена од 47-те земји-членки на Советот на Европа.

Oбразецот за поднесување жалба треба да го преземете од интернет страницата на Судот https://echr.coe.int/ да го пополните, да го испечатите и да го испратите до Судот по пошта заедно со сите неопходни документи. Не треба да користите други обрасци за поднесување жалба. За повеќе информации за тоа како правилно да го пополните образецот за поднесување жалба, Ве молиме прочитајте ги документите што се наведени во продолжение.

Видео “Како да поднесете полноважна жалба до Судот” 

Фаза на постапката

Пребарувачот SOP (State of Proceedings/Etat de la Procedure/Фаза на постапката) му овозможува секому да дознае во која фаза на постапката се наоѓа одредена жалба. http://app.echr.coe.int/SOP/index.aspx?lg=mkd