ПРЕСУДА НА ЕСЧП ВО СЛУЧАЈОТ КАРАЈАНОВ ПРОТИВ РМ (Апликација бр. 2229/15)

img-04

Денеска од страна на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) беше објавена пресуда која се однесува на апликацијата поднесена од страна на г. Петар Карајанов, во врска со постапката за лустрација во која апликантот бил најпрво прогласен за соработник на поранешните тајни безбедносни служби со Решение на Комисијата за верификација на факти (во натамошниот текст „Лустрациска комисија“) од 27 мај 2013 година. Подоцна, истото решение било потврдено и со пресуди на Управниот и Вишиот управен суд од 29 јануари 2014, односно 12 јуни 2014 година.

Апликантот се жалел до ЕСЧП дека во текот на домашната управно-судска постапка не биле испочитувани повеќе аспекти врзани за правото на правично судење од членот 6 од Европската конвенција за човекови права, како и на повреда на членот 8 и членот 13 од Конвенцијата.

ЕСЧП во неговата пресуда констатира прекршување на правото на апликантот на правична постапка, од следниве причини. Имено, прво, апликантот немал можност ефективно да го презентира неговиот случај,со самото тоа што тој не бил инволвиран во постапката пред Лустрациската комиција и не можел да ги претстави неговите аргументи, а образложенијата на управните судови не биле доволни за да од нив би можело да сеизведе заклучок во кој степен тие суштински ги провериле досиејата за апликантот кои се наоѓале кај тајните служби, како и доказите изведени од негова страна кои упатувале на тоа дека станувало збор за погрешно утврден идентитет, односно за сосема друго лице. Во таа смисла, ЕСЧП изразил сомневање дека двете судски инстанци кои постапувале во управниот спор поведен од апликантот ја оствариле нивната целосна надлежност во поглед на утврдување на фактите и примена на правото, односно мериторно расправање на предметот. Како  потврда на тоа во пресудата се наведува и одбивањето на Управниот суд да ја утврди веродостојноста на доказите содржани во едно од досиејата на тајните служби со образложение дека апликантот можел да покрене постапка пред надлежниот суд за утврдување на нивната точност пред да биде донесено решението на Лустрациската комисија, а за чија наводна  неточност според ЕСЧП апликантот станал свесен дури откако тоа решение му било доставено (на 4 јуни 2013 година).

Второ, ЕСЧП утврдува дека не постоеле исклучителни околности кои би го оправдале неодржувањето на усна расправа во присуство на апликантот во која било фаза на постапката, имајќи предвид дека станувало збор за спорни фактички и правни прашања кои не биле од чисто техничка природа.

Трето, утврдената повреда на членот 6 од страна на ЕСЧП се должи и на недоволната образложеност на домашните пресуди, која се состоела само во цитирање на соодветните одредби од членот 4 став 1, член 4 став 3 и член 18 став 4 од Законот за определување на услов за ограничување на вршење на јавна функција, пристап до документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност („Закон за лустрација“) со кои се утврдува квалитативниот критериум на соработка за органите на државната безбедност во замена за остварување на материјална или друга корист за соработникот. Притоа, судовите не отишле чекор понатаму да го посочат конкретниот факт од кој произлегува наводната соработка на апликантот.

Со оваа пресуда ЕСЧП констатира и повреда на членот 8 од Конвенцијата (право на почитување на приватниот и семејниот живот) поради објавувањето на Решението на Лустрациската комисија на веб страницата на Комисијата уште на денот на неговото донесување, односно пред таа да стане конечна и правосилна. Според ЕСЧП тоа  објавување било засновано врз закон (член 29 став 2 и член 31 став 1 од Законот за лустрација кој предвидувал објавување на решенијата на Комисијатаведнаш, а најдоцна во рок од три дена по завршувањето на постапката за проверка и известувањето на лицето). Сепак, ЕСЧП зазел стојалиште дека таквото објавување не служело на ниту една од легитимните цели за заштита на националната безбедност, јавната сигурност, економската благосостојба на земјата и правата и слободите на другите, бидејќи решението било објавено пред тоа да стане правосилно.При одлучувањето, ЕСЧП ги земал предвид и 77-годишната возраст на апликантот, фактот дека тој не бил носител ниту кандидат за јавна функција, ставот на Венецијанската комисија при Советот на Европа од 17 декември 2012 година дека законската одредба за објавување на имињата на лустрираните лица пред правосилноста на решенијата за лустрација е спротивна на членот 8 од Конвенцијата и може да има штетни последици по угледот на лицето кои не може да се остранатсо подоцнежна исправка, како и одлуката на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.42/2008 од 24 март 2010 година.

ЕСЧП не навлегол во испитување на жалбените наводи за непостоење на  ефективен правен лек од членот 13 со оглед дека тие се однесувале на прашања веќе разгледувани по членот 6 став 1 и членот 8 од Конвенцијата.

Истовремено, во пресудата на ЕСЧП се утврдува и недопуштеност на жалбениот навод за наводно нарушување на презумпцијата на невиност заштитена со член 6 став 2 од Конвенцијата, која наводно настанала со актот на објавување на решението за лустрација на веб страницата на Лустрациската комисија, од причина што според ЕСЧП во случајот не станувало збор за определување на кривична одговорност на апликантот, а оваа Конвенциска одредба е применлива исклучиво врз кривичните  постапки.

Како правично обесштетување за констатираните повреди на членот 6 и членот 8 од Конвенцијата, ЕСЧПна апликантотму досудува износ од 4,500 евра како надомест на нематеријалната штета претрпена со повредите на Конвенцијата, додека на неговиот правен застапник му се досудени 1,000 евра за направените трошоци и издатоци во постапката.

Пресудата можете да ја погледнете тука:

CASE OF KARAJANOV v. MACEDONIA

ЛОКАЦИЈА

АДРЕСА

Ул. Димитрие Чуповски бр.9
1000 Скопје
Република Македонија

избери јазик

КОНТАКТ ИНФО

тел: +389 02 3109 784
емаил: biroescp@mjustice.gov.mk
веб: www.biroescp.gov.mk