Надзорот над извршувањето на пресудите се спроведува врз основа на систем на акциони планови и акциони извештаи подготвени од страна на надлежните државни органи во врска со секој конкретен предмет или група на предмети. Тие треба да ги објаснат мерките кои се веќе преземени или е планирано да се преземат (општи и/или индивидуални) за извршување на определна пресуда на ЕСЧП, а како одговор на повредите на ЕКЧП констаирани од страна на ЕСЧП. Акционите планови, меѓудругото ги содржат и роковите во кои планираните мерки треба да бидат преземени од страна на државата, односно националните надлежни органи, на истиот начин како што акционите извештаи содржат индикација за тоа кога биле преземени мерките за кои државата известува.

Акционите извештаи се доставуваат, во принцип, последователно и со нив пред Комитетот на министри се реферира за реализацијата на активностите претходно предвидени во доставениот акциониот план.

корисни линкови:

https://www.coe.int/en/web/execution/home

https://hudoc.exec.coe.int/eng#{%22EXECDocumentTypeCollection%22:[%22CEC%22]}

https://hudoc.exec.coe.int/eng#{%22EXECDocumentTypeCollection%22:[%22CEC%22],%22EXECState%22:[%22MKD%22]}