На 20 и 21 февруари 2019 година, во билатерална посета на Р.Северна Македонија беше делегација од Советот на Европа, предводена од г-дин Fredrik Sundberg, Раководител на Одделот за извршување на пресудите и одлуките на ЕСЧП при надлежниот Генерален секретаријат на Советот на Европа. Во составот на делегацијата беше и г-а Катaрина Недељковиќ, Раководител на Одделение во Одделот за извршување на пресудите и одлуките на ЕСЧП.

2

Бирото за застапување на РСМ пред ЕСЧП, како домаќин на делегацијата организираше повеќе средби на гостите со претставници од релевантни институции на државата, на кои се разговараше на различни теми поврзани со извршувањето на пресудите на ЕСЧП.

Гостите имаа прилика да остварат средби со претставници од Бирото за застапување на РСМ пред ЕСЧП, а остварија средби и со, г-а Рената Дескоска – Министер за правда, г-дин Агим Нухиу – заменик министер на Министерството за внатрешни работи и други претставници од министерството, судии и претставници од Уставниот суд, Судија Николчо Николовски – Врховниот суд, Судија Сузана Дончевска – Основен суд Скопје 2 Скопје, г-а Гордана Смаќоска –  Јавен Обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, г-а Наташа Габер Дамјановска – Директор на Академијата за судии и јавни обвинители и г-а Васка Бајрамовска – претставник од канцеларијата на Народниот правобранител.

IMG_1525

На делегацијата од Одделот за извршување на пресудите и одлуките на ЕСЧП, меѓудругото, им беше истакнато дека Република Северна Македонија ќе продолжи со почитување на пресудите на ЕСЧП и дека ќе ги вложи сите напори да ги имплементира препораките кои произлегуваат од истите, особено поради фактот што заштитата на човековите права и градењето на капацитетите на институциите за заштита на човековите права претставуваат приоритет на државата.