2

Гостинско предавање на директорот на Бирото за застапување на РМ пред Европскиот суд за човекови права

На 21 март 2017 година, студентите на Факултетот за правни науки при УАКС, во рамки на предметот Меѓународни човекови права кој го предава д-р Јелена Ристиќ, имаа можност да следат предавање на тема „Улогата на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права и извршувањето на пресуди”. Предавањето го одржа гостин-предавач, м-р Костадин Богданов, Владин агент (застапник) на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права и Директор на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
При презентацијата, детално беа претставени надлежноста на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, како и постапувањето од страна на Бирото во врска со предмети против Република Макаедонија, кои се разгледуваат пред Европскиот суд за човекови права. Исто така, беше објаснет и начинот на извршување на пресудите, кои ги донесува Европскиот суд за човекови права, при што беше даден осврт и на конкретни предмети против Република Македонија за кои одлучувал Судот.

 

Гостинско предавање на директорот на Бирото за застапување на РМ пред Европскиот суд за човекови права