Со работата на Бирото раководи директор – владин агент
Владиниот агент по предлог на министерот за правда го именува и разрешува Владата.
Владиниот агент се именува со мандат од пет години со право на повторно именување.
Со Бирото за застапување на Р.Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права,
раководи м-р Даница Џонова
Службени трошоци на Директорот на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП
Бирото за застапување на Република Македонија пред ЕСЧП како посебно правно лице и буџетски корисник функционира од јануари 2015 година. Согласно информациите од надлежната служба, целокупната финансиска документација за финансиското работење на Бирото од периодот на неговото основање како посебен правен субјект до крајот на 2017 година е уништена во пожарот кој се случи во просториите на Министерството за правда на 10 април 2018. Поради ваквите околности, не е возможен компаративен приказ на трошењата, ниту приказ на трошењата пред 1 јануари 2018 година. Актуелниот В.Д. Директор на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП, Даница Џонова беше именувана на функцијата на владината седница која се одржа на 25 јули 2017. Поради околностите, финансискиот извештај за службените трошоци содржи податоци за нејзините службени трошења во период од 01.01.2018 година до 31.05.2018.