Европскиот суд за човекови права е меѓународен суд, основан во 1959 година. Тој е надлежен да постапува по индивидуални или меѓудржавни жалби, во кои што има наводи за повреда на граѓанските и политичките права предвидени со Европската конвенција за човекови права. Од 1998 година, Судот е постојан и поединци можат директно да поднесуваат жалби. Во речиси педесет години, Судот има донесено повеќе од 10 000 пресуди. Неговите пресуди се задолжителни за засегнатите држави, на тој начин што во одредени ситуации, владите на истите треба да го изменат своето законодавство и административна практика во повеќе различни области. Практиката на Судот овозможува Конвенцијата да биде моќен жив инструмент за ефикасно соочување со нови предизвици и за зацврстување на владеењето на правото и демократијата во Европа. Седиштето на Судот е во Стразбур, во зградата на човековите права, позната во целиот свет и дизајнирана во 1994 година од страна на британскиот архитект лорд Ричард Роџерс. Оттука, Судот го следи почитувањето на човековите права на 800 милиони Европјани во 47 држави членки на Советот на Европа, кои што ја ратификувале Конвенцијата.
ЕСЧП се состои од онолкав број на судии колкав што е и бројот на Високите страни договорнички.za-escp
Судиите заседаваат во Судот во лично својство, не се претставеници на ниту една држава. Во согласност со Европската конвенција за човекови права, судиите треба да уживаат највисок морален углед и да ги исполнуваат условите неопходни за вршење на високи судски функции или да бидат правни стручњаци со призната компетентност.

Се избираат за мандат од 9 години, а актуелен Претседател на Европскиот суд за човекови права е судијата од Италија, Guido Raimondi.

За рагледување на случаите кои му се доставени, Судот заседава како судија поединец, во одбори од тројца судии, во одбори од седум судии и во голем судски совет од седумнаесет судии.

Во овој дијаграм е прикажан прогресот на предмет пред Судот согласно судиската формација.

http://www.echr.coe.int/Documents/Case_processing_Court_MKD.pdf