ОБУКИ за Прaктичниoт водич за судиите, судскиот персонал, обвинителите и адвокатите за тековната судска пракса на Европскиот суд за човекови права во поглед на членот 5 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Министерството за правда во рамките на твиниг проектот на Латвија на 26 и 27 октомври 2016 година организираше две еднодневни обуки за Судската пракса на ЕСЧП во врска со член 5 од ЕКЧП – Право на слобода и безбедност.
Советувањето беше наменето за судии, јавни обвинители, стручни служби од судовите и обвинителствата и за адвокати.
Во рамките на советувањето свое излагање имаше и г.Костадин Богданов, директор на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.
http://www.jpacademy.gov.mk/upload/Seminari%202016/draft%20agenda_MK%20123.pdf