ОБУКИ за судии, судски сoветници, обвинители и адвокати за структурата и практичната работа на ЕСЧП и практичната употреба на базата на податоци ХУДОК со цел да се подобрат знаењето и капацитетите во поглед на правото на ЕКЧП
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Министерството за правда во рамките на Tвиниг проектот на Латвија и Хрватска „Зајакнување на владеењето на правото“ на 28 и 29 септември 2016 година организираше две еднодневни обуки за структурата и функционирањето на ЕСЧП и практична примена на HUDOC базата во насока на подобро запознавање со ЕКЧП.
Обуките беа наменети за судии, судски советници, обвинители и адвокати.
На обуката како предавач зема учество и м-р Костадин Богданов, директор на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права/владин агент.