Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права објавува Оглас за вработување на 2 (две) лица

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права врз основа на член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/2016), a во врска со член 22 став (1) алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/2018) и Правилникот за внатрешна организација на Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права бр. 20 -154/2015-1 од 11.06.2015, 20-168/38 од 27.12.2016 и 20-53/2 од 30.01.2017, Правилникот за систематизација на работните места во Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права бр. 20-154/2015-2 од 11.06.2015 година, 20-168/39 од 27.12.2016, 20-53/1 од 30.01.2017 и 0101-186/6 од 07.09.2018 објавува

ОГЛАС БРОЈ    1/2019

ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 2 (ДВАЈЦА) ИЗВРШИТЕЛИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ТРАЕЊЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА – БИРО ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права објавува оглас за вработување 2 (две) лица преку засновање на работен однос на определено време во траење до 31 декември 2019 година за следниве работни места:

  1. Еден извршител, во Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, во Одделението за извршување на поединечни и општи мерки по одлука на Европскиот суд за човекови права, на работно место Помлад соработник за предлагање на поединечни мерки за извршување по одлука на Европскиот суд за човекови права, со звање помлад соработник.
  1. Еден извршител, во Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, во Одделението за застапување на предмети против Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, на работно место Помлад соработник за подготвување на иницијални предлози за одбрана на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, со звање помлад соработник.

Потребни квалификации:

Образование: Правни науки, ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен.

Работно искуство: со или без работно искуство

Познавање на странски јазици: Англиски јазик

Дневно работно време: 8 часа (почеток на работно време помеѓу 07:30 и 08:30 часот, а завршеток на работно време помеѓу 15:30-16:30), неделно работно време 40 часа;

Паричен нето износ: 21 000 денари.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  1. Своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
  2. Кратка биографија – CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
  3. Фотокопија од уверение/диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место
  4. Доказ за познавање на англиски јазик и
  5. Копија од уверение за државјанство.

Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса:

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права

ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000 Скопје

(со назнака „за оглас за вработување“)

Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права (канцеларија бр. 9 на II спрат).

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 18.01.2019 година (петок). Пријавите кои што ќе пристигнат по истекот на овој рок, како и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и истите нема да се разгледуваат.

По селекцијата на пријавите, само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.

Министерството за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Лице за контакт:

Ирена Цуцулоска

Телефон:  02/3116-493 лок. 216

e-mail: irenacuculoska@mjustice.gov.mk

 

В.Д Директор на Бирото за застапување нa РМ пред ЕСЧП – Владин Агент

Даница Џонова