Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права врз основа на член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/2016), a во врска со член 22 став (1) алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/2018) и Правилникот за внатрешна организација на Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права бр. 20 -154/2015-1 од 11.06.2015, 20-168/38 од 27.12.2016 и 20-53/2 од 30.01.2017, Правилникот за систематизација на работните места во Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права бр. 20-154/2015-2 од 11.06.2015 година, 20-168/39 од 27.12.2016, 20-53/1 од 30.01.2017 и 0101-186/6 од 07.09.2018 објавува

ОГЛАС БРОЈ    3/2018

ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 1 (ЕДЕН) ИЗВРШИТЕЛ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ТРАЕЊЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2018 ГОДИНА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА – БИРО ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

 

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права објавува оглас за вработување 1 (едно) лице преку засновање на работен однос на определено време во траење до 31 декември 2018 година за следново работно место:

 

  1. Еден извршител,
  • во Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, во Одделението за извршување на поединечни и општи мерки по одлука на Европскиот суд за човекови права, на работно место Помлад соработник за подготовка на иницијални акциони планови и извештаи за извршување на одлука на Европскиот суд за човекови права, со звање помлад соработник.

Потребни квалификации:

Образование: Правни науки, ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен.

Работно искуство: со или без работно искуство

Познавање на странски јазици: Англиски јазик

Дневно работно време: 8 часа (почеток на работно време помеѓу 07:30 и 08:30 часот, а завршеток на работно време помеѓу 15:30-16:30), неделно работно време 40 часа;

Паричен нето износ: 21 000 денари.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
  • Кратка биографија – CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
  • Фотокопија од уверение/диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место
  • Доказ за познавање на англиски јазик и
  • Копија од уверение за државјанство.

Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса:

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права

ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000 Скопје

(со назнака „за оглас за вработување“)

Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права (канцеларија бр. 9 на II спрат).

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 23.11.2018 година (петок). Пријавите кои што ќе пристигнат по истекот на овој рок, како и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и истите нема да се разгледуваат.

По селекцијата на пријавите, само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.

Министерството за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Лице за контакт:

Ирена Цуцулоска

Телефон:  02/3116-493 лок. 216

e-mail: irenacuculoska@mjustice.gov.mk

 

В.Д Директор на Бирото за застапување нa РМ пред ЕСЧП – Владин Агент

Даница Џонова