За пресудите во кои е утврдена повреда на Конвенцијата државата доставува акциони планови/извештаи до Комитетот на министри кој е надлежен да врши надзор врз извршувањето.
Акциониот план содржи детален преглед на преземените и планираните општи и поединечни мерки во насока на извршување на пресудата и анулирање на констатираните повреди.
Процесот на надзор над извршувањето се смета за завршен, а пресудата за извршена со усвојување на финална резолуција од страна на Комитетот на министри.
Листата на тековни предмети за кои извршувањето сеуште не е завршено, можете да ја најдете на веб страницата на Департманот за извршување на пресудите (Department for the Execution of Judgments of the European Court of Human Rights).