Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев на 18 октомври 2016 година организираше советување на тема „Користење на датабазите на Европската судска пракса за човекови права“.
Советувањето беше наменето за судии, јавни обвинители, стручни соработници од сите судови и јавни обвинителства, како и за претставници од Министерството за правда.
На советувањето свое излагање имаше и г. Велимир Деловски од Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП.