Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на 22 септември 2016 година организираше советување на тема: „Повторување на домашни парнични и кривични постапки по добиени пресуди на ЕСЧП во кои е констатирана повреда’’ , во просториите на Апелационен суд Битола.
Советувањето беше наменето за судии од граѓански и кривични оддели јавни обвинители и адвокати од апелационoто подрачја Битола.
На советувањето како предавач зема учество и м-р Даница Џонова од Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.