Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, на 1 април (петок) 2016 година, организираше советување на тема: „Повторување на домашни парнични и кривични постапки по добиени пресуди на ЕСЧП во кои е констатирана повреда“.
Советувањето беше наменето за судии од граѓански и кривични оддели од апелационите подрачја Гостивар, Скопје и Штип.
На советувањето свое излагање имаше и м-р Даница Џонова од Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.