Генерален е впечатокот дека македонските судии сè повеќе прибегнуваат кон реферирање на праксата на ЕСЧП во своите пресуди, особено во парнични постапки за надомест на штета предизвикана со клевета или навреда. Ова е, впрочем, резултат и на мноштвото обуки и советувања кои беа организирани од страна на различни субјекти, вклучително во голем дел и од Академијата за судии и јавни обвинители, а во кои свое учество зедоа и претставници на Бирото за застапување со пренесување на сопствените сознанија и искуства во однос на стандардите и на праксата која се однесува на слободата на изразување регулирана со членот 10 од Конвенцијата. Токму континуираните обуки кои се реализираат во изминативе години треба да придонесат кон почесто и посоодветно повикување на судската пракса на ЕСЧП во домашната судска пракса, вели во интервјуто за Академик, Костадин Богданов, владин агент и директор на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Целото интервју може да го преземете тука
http://www.akademik.mk/sudiite-treba-da-izbegnuvaat-preteran-formalizam-vo-postapuvaneto-intervju-so-kostadin-bogdanov-direktor-na-biroto-za-zastapuvane-na-rm-pred-eschp/