Комитетот на министри надзорот над извршувањето на секој поединечен случај го завршува со донесување на финална резолуција.
Прашањето за затворање на предметот се разгледува низ призмата на акциониот извештај и евентуално поднесените коментри. Кога државите членки и Секретаријатот ќе се согласат дека мерките кои биле предвидени и преземени од страна на државата се доволни, Секретаријатот ќе му предложи на Комитетот на министри, усвојување на финална резолуција. Процесот на надзор над извршувањето се смета за завршен, а пресудата за извршена со усвојување на финална резолуција од страна на Комитетот на министри.
Финалните, како и времените резолуции и останати одлуки кои Комитетот на министри може да ги донесе во врска со надзорот над извршувањето на конкретен предмет јавно се објавуваат од страна на Комитетот на министри и истите се достапни на следнитот линк: http://www.coe.int/en/web/execution/closed-cases