Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), на 13 февруари 2020 година, донесе пресуда во случајот Трајковски и Чиповски против РСМ, А.бр. 53205/13 и 63320/13, со која беше констатирано дека начинот на кој полицијата собира, обработува и чува ДНК материјал не е во согласност со членот 8 (правото на приватен живот) од Европската конвенција за човекови права.