На 6 мај 2016 година, Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, беше дел од Промоцијата на преводот на македонски јазик на публикацијата „Прирачник за европското законодавство за заштита на податоците”
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”, Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Народниот правобранител на Република Македонија и Адвокатската комора на Република Македонија, во хотел „Арка” во Скопје, во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) го претставија преводот на македонски јазик на публикацијата „Прирачник за европското законодавство за заштита на податоците”
На промоцијата свое излагање поврзано со содржината на прирачникот имаа:
д-р Мирјана Лазарова-Трајковска, судија во Европскиот суд за човекови права и
г.Холгер Хембах, адвокат од СР Германија.
Настанот беше отворен со поздравен говор на: д-р Штефан Пирнер, адвокат, регионален проектен раководител при ИРЗ за Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија, г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик народен правобранител на Република Македонија, г. Никола Додевски, претседател на Адвокатската комора на Република Македонија, г. Костадин Богданов, владин агент и директор на Бирото за застапување на Република Македонија пред ЕСЧП и г-ѓа Анета Арнаудовска, судија, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”. Воедно, поздравно обраќање до присутните зема и заменик амбасадор на Сојузна Република Германија во Македонија, г. Ханс-Хелге Зандер.
http://www.pravdiko.mk/promotsija-na-prirachnikot-za-evropskoto-zakonodavstvo/