Меѓуресорска комисија

За следење на извршувањето на одлуките на Судот се формира Меѓуресорска комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права.

Владата на Република Македонија со решение ја формира Меѓуресорската комисија.

Меѓуресорската комисија е составена од функционерите кои раководат со Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи и Министерството за финансии потоа по функција членови се претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, претседателот на Апелациониот суд во Скопје, претседателот на Апелациониот суд во Штип, претседателот на Апелациониот суд во Битола, претседателот на Апелациониот суд во Гостивар, претседателот на Вишиот управен суд, претседателот на Советот на јавните обвинители, Јавниот обвинител на Република Македонија и владиниот агент додека со неа раководи Министерот за правда.

По потреба во работата на Меѓуресорската комисија можат да учествуваат и други претставници од соодветни институции.

Со Меѓуресорската комисија раководи министерот за правда.

Меѓуресорската комисија се состанува по потреба, а најмалку еднаш на три месеци.

Меѓуресорската комисија ги врши работите кои се однесуваат на:

  1. анализа на пресудите на Судот донесени против Република Македонија за

утврдување на причините кои довеле до повредата;

  1. препорачување на поединечни и општи мерки на надлежните државни органи

за отстранување на повредата утврдена од Судот и за отстранување на

последиците од истата;

  1. давање на предлози за подобрување на законската регулатива за заштита на

човековите права;

  1. следење на извршувањето на одлуките на Судот;
  2. обезбедување и размена на информации и податоци во областа на извршување

на одлуките на Судот;

  1. следење на постојниот систем за извршување на одлуките и предлагање на

мерки за негово подобрување и

  1. други работи утврдени со закон.

Деловник на Меѓуресорската комисија-Пречистен текст

ЛОКАЦИЈА

АДРЕСА

Ул. Димитрие Чуповски бр.9
1000 Скопје
Република Македонија

избери јазик

КОНТАКТ ИНФО

тел: +389 02 3109 784
емаил: biroescp@mjustice.gov.mk
веб: www.biroescp.gov.mk